Блог

nastinki
Совети
Совети

Ставете им крај на честите настинки

Иако полека се ближат потопли месеци, опасноста од грип и настинки се уште е присутна. Предуслови за намалување на имунитетот и настанување на вирални заболувања на горниот респираторен тракт се острите промени во надворешната температура, карактеристични за овој период од годината и преодот од зима во пролет.

Ризична група во овие месеци се лицата со намален имунитет, чиј организам е подложен на вирусни инфекции. Добра околност е тоа што постојат докажани превентивни мерки за спречување на честите настинки.

Докажани методи за заштита од чести настинки

  • Риноворусите и коронавирусите, кои се двата главни причинители на настинки, од едно на друго лице се пренесуваат по воздушен пат. Кажано поедноставно, доколку заболениот кива и кашла на јавно место, тој може да ги зарази сите околу себе. Во такви случаеви од исклучителна важност е одржување на личната хигиена на високо ниво, особено по контакт со некој кој веќе е настинат. Мијте ги постојано рацете со специјални средства кои спречуваат инфекции.
  • Откажувањето од пушење носи со себе многу поволности за здравјето. Научно е докажано дека лицата кои се откажале од оваа нездрава навика има помали шанси да настинат.
  • Хидратацијата е исклучително важна во спречувањето настинки. Битно е да се внесува дневната препорачана доза на вода и останати течности како цедени сокови богати со Витамин Ц кои влијаат позитивно на имунолошкиот систем.
  • Здравата и избалансирана исхрана е предуслов за здрав и силен имунолошки систем кој ќе биде отпорен на патогените кои ги предизвикуваат настинките и грипот. Задолжително е редовно да се онсумираат овошје и зеленчук кои на организмот ќе му ја дадат потребната дневна доза на витамини и минерали.
  • Одморајте се. Сите што сакаат да им кажат збогум на настинките мораат да внимаваат на себе и што е можно почесто да го одмораат својот организам. Добар и мирен сон е клучен тука во зголемувањето на одбранбениот систем на организмот.
  • Вежбањето го зацврстува имунолошкиот систем и е одлична помош во заштитата од настинки. Во периодот на транзиција помеѓу зимата и пролетта се препорачува вежбање во затворен простор со цел намалување на ризиците кон вашето здравје. Пред излегувањето од вежбална препорачливо е добро да се облечете за да избегнете настинки.

НАЈМОЌНО ПРИРОДНО РЕШЕНИЕ ЗА ЗАШТИТА ОД НАСТИНКИ

Внесот на високо-квалитетни производи, тврдат експертите, е клучен за одржување на отпорноста од настинки кај лицата со ослабен имунолошки систем. Тука на сцената стапува производите од линијата Имунобор. Конкретно, Имунобор Кидс сирупот.

Станува збор за патентиран имуностимулатор со вкус на природни шумски јагоди кој ја зголемува активноста на имуните клетки и нивната способност да убиваат бактерии и други микроорганизми. Тој го стимулира производство на имуни клетки, има директен антимикробен ефект врз редица микроорганизми и ја зголемува локалната имуна заштита на лигавиците на бронхијалните, цревните и уринарните патишта.

Имунобор Кидс сирупот е моќен имуностимулатор од природно потекло. Една кафена лажичка (5ml) содржи 30mg високо пречистен (93%), микронизиран и патентиран Бета глукан. Погоден е за продолжена употреба, без притоа да има несакани ефекти.

Овој навистина извонреден и ефикасен додаток на исхраната е достапен во нашата Медола онлајн продавница.