Инфо

Достава

Бараната нарачка се испорачува на Адресата за испорака на Клиентот, согласно со трошоците за испорака кои се вклучени при плаќање на нарачката, во рок од 24 до 72 часа од извршената уплата.

Рокот за испорака, започнува да тече од моментот кога нарачката е примена (кога начин на плаќање е „Плаќање при испорака“) или кога е извршена уплатата (средствата се префрлени на сметка), па се до приемот на нарачката од страна на Клиентот.

Пратката се испорачува, секој ден од понеделник – сабота, со исклучок на недела и за време на државни празници.

Цената за испорака на нарачка која треба да ја плати, освен за нарачка на производи над 900 денари, кога Клиентот добива бесплатна испорака.

Нарачката се предава на Клиентот или на трето лице, кое што ја прима нарачката и го потврдува приемот на истата во име на Клиентот.

При предавање на нарачката, Клиентот или третото лице потпишува документи кои се во прилог со нарачката.

Во случај, Клиентот да не биде пронајден на наведената од него адреса, во рокот за исполнување на испораката, или да не биде обезбеден пристап и услови за предавање на нарачката во тој рок, продавачот се ослободува од обврската за испорака на бараната нарачка.

Клиентот може да побара да ја добие нарачката и после истекот на рокот за испорака, во кој не бил пронајден на адресата за испорака, така што ќе ги сноси сите трошоци за повторна достава, кои што ќе ги исплати на лице место во моментот на повторна испорака и прием на нарачката.

Клиентот има право да го откаже приемот на бараната нарачка, доколку:

  • Испорачаната нарачка не одговара на направената нарачка и тоа може да се утврди преку преглед на истата;
  • При транспортирањето нарачката или нејзината кутија е оштетена;
  • Доколку не е запазен рокот на испорака на нарачката.

Откажување на нарачката не е дозволено после потпишување на документите во прилог на нарачката.

За повеќе информации може да не контактирате e-mail: info@medola.co