Блог

анемија
Здрави навики
Совети

Како да ја спречите анемијата

Човековиот организам во текот на годината, во зависност од годишното време, се соочува со зголемување на ризикот од настанување на анемија.

Ова е случај во текот на есенските и зимските месеци, кога поради пократките денови, пониските температури и значително помалата изложеност на сончевите зраци доаѓа од опаѓање на нивото на хемоглобин и црвени крвни зрнца во организмот.

Оваа состојба потоа се одразува врз нас во текот на целата година, односно опасност од влошување на крвната слика имаме и во потоплите месеци.

Советите кои следуваат е најдобро да се спроведуваат во текот на целата година доколку сакаме постојано да задржиме здрава крвна слика.

ЗГОЛЕМЕНА ФИЗИЧКА АКТИВНОСТ

Вклучувањето на секојдневна физичка активност е од клучно значење доколку сакаме да се заштитите од анемијата во текот на целата година. Аеробните вежби како возењето велосипед, пливањето, брзото одење и џогирање имаат значителен позитивен ефект врз нашето тело.

Докажано е дека доколку дел од нив се практикува 3-4 дена по 30-40 минути во неделата ја подобрува линијата, влијае позитивно на мускулната маса, ги стимулира хематопоетските функции и создавањето на нови црвени крвни зрнца.

БАЛАНСИРАНА И ЗДРАВА ИСХРАНА

Практикувањето на диета која на организмот му овозможува внес на оптимално количество на хранливи материи потребни за нормално секојднено функционирање е исто така клучно за спречување на развој на анемијата.

Посебно место на трпезата треба да има храната богата со железо. Тоа се црвеното место (говедско и свинско), џигер, риба, јајца, зелениот зеленчук (брокула и спанаќ) и јаткастите плодови. За да се зголемат шансите за абсорпција потребно е да се внесува и Витамин Ц.

ГОТВЕЊЕ ВО САДОВИ ОБЛОЖЕНИ СО ЖЕЛЕЗО

Се повеќе и повеќе истражувања покажуваат дека готвењето во садови обложени со железо ја зголемува концентрацијата на железо во крвта. Причината за такво нешто е тоа што за време на подготовката мал дел од овој минерал битен за човечкото тело се одвојуваат од садот, без притоа да влијаат на вкусот или изгледот на самото јадење.

Ова е исклучително добар трик за оние кои избегнуваат консумација на црвено месо.

НАЈДОБРИОТ ПРИРОДЕН ЛЕК ЗА АНЕМИЈА ВО ТЕКОТ НА ЦЕЛАТА ГОДИНА

Според голем број на експерти, доколку во текот на годината не внесуваме доволно железо во организмот преку храна, тоа треба да го направиме со високо-квалитетен лек за анемија.

За такво нешто на пазарот имаме моќен сојузник во Фоливит Феро, кој покрај тоа што го содржи оптималното количество на железо содржи уште две состојки клучни за формирањето на црвените крвни зрнца и хемоглобинот.

Тоа се фолната киселина и Витамин Б12. Овие активни состојки се целосно синхронизирани и делуваат комплементарно една со друга.

Краен резултат е моќното влијание врз процесот на хематопоеза кај крајниот корисник и креирањето на своевиден штит против главните типови на анемија.

За оптимален ефект се препорачува користење на Фоливит Феро на подолг временски рок. Овој продукт е лесно пренослив и е целосно безбеден и за подолгорочна употреба.

Доколку сте бремени или планирате да забремените Фоливит Феро може да се користи во текот на самата бременост, како и во првите три месеци по породувањето.

Овој извонреден додаток на исхраната е достапен во нашата Медола онлајн продавница.