Блог

алергија
Здрави навики
Здрави навики

Како успешно да се справите со пролетните алергии

Алерголозите, во сезоната на пролетни алергии, често ги потсетуваат оние кои се најподложни на негативни реакции, на факторите кои ја влошуваат ситуацијата.

Во продолжение на овој текст откријте како да ги препознаете тие фактори и како да влијаете позитивно на вашиот имунолошки систем со цел да ги намалите шансите за алергиски реакции.

Фактори кои влијаат на влошување на алергиите во пролет

Алкохол

Луѓето кои се алергични треба да избегнуваат алкохолни пијалаци. Причина за тоа е податокот дека тие содржат хистамини. Оваа хемиска супстанца се формира од квасец и бактерии за време на ферментацијата и е причинител на повеќе алергиски реакции и на нивните специфични симптоми.

Повеќе истражувања на оваа тема покажаа дека алкохолот значително ги влошува алергиските реакции во пролет како кивање, главоболки и чешање.

Цигари

Луѓето кои патат од пролетни алергии во овој период од годината не треба да се воздржат само од консумација на алкохол, туку треба да се воздржат и од пушењето цигари. Во чадот од цигарите има над 4.700 хемиски состојки кои ја зголемуваат брзината со која алергените се апсорбираат во нашето тело. Дополнително, при секое вдишување се зголемува изложеноста на алергенот со нашето грло што влијае негативно и ги влошува симптомите на алергија.

Стрес

Високото ниво на стрес (физички и психички) го стимулира создавањето на кортизол. Т.н. „хормон на стресот“ влијае негативно на имунолошкиот систем и кога првата линија на одбрана е ослабена тоа создава идеални услови за алергиите да земат замав.

Контактни леќи

Луѓето кои се алергични на полен треба во пролетниот период да се воздржат од носење на контактни леќи. Оваа мерка на претпазливост се препорачува затоа што ситниот полен од цветовите лесно се лепи на површината на леќите и со тоа дополнително ја влошува алергиската реакција.

Некои типови на храна

Продуктите богати со тијамин (тврди кашкавали, павлака и јогурт) како и продукти кои ослободуваат хистамини во организмот (јајца, чоколадо, риба од конзерва, домати, спанаќ и сенф) значително ги влошуваат симптомите на пролетната алергија. Затоа нивното консумирање треба да се исфрли или барем значително да се намали во текот на пролетта.

Синтетички ткаенини

Облеката изработена од синтетички материјали не само што може да ја иритира кожата туку во себе лесно може да ги задржи на подолг период ситниот полен во пролет. Резултат на тоа е долготрајно чешење и зголемување на алергиските проблеми.

Со цел да не дојде до тоа, во текот на пролетта облекувајте се во гардероба од природни ткаенини.

Како да се намалат алергиските реакции во пролет

Ескпертите веруваат дека избегнувањето на факторите кои ги влошуваат алергиите е првиот чекор кон намалување на симптомите и несаканите ефекти. Сепак, за да се воспостави ефективна контрола над пролетните алергии морате да имате повеќеслоен пристап.

Тоа се постигнува со користење на продукти со моќни анти-алергиски својства каков што е Имунобор Бета Глукан 300 за возрасни и Имунобор Кидс сируп за деца со високо-пречистен 93% Бета глукан. Секоја капсула на Имунобор Бета Глукан 300 вашиот организам го снабдува со 300 мг. високо-пречистен Бета глукан, единствената модулатор на имунолошкиот состав од природно потекло со докажан механизам на делување.

Активната состојка го возобновува балансот помеѓу клетките кои предизвикуваат алергиски реакции и со тоа ги намалува негативните ефекти на алергиите.

Бета глуканот се сврзува со рецепторите на имуните клетки и ја стимулира „каскадата“ на имуната реакција. Заштитува од вирусни, бактериски и габични инфекции. Дејствува како универзална „вакцина” од природно потекло.

Дополнителна предност на Имунобор Бета Глукан 300 е тоа што тој може да се употребува на подолг временски рок без притоа да предизвика никакви нус појави. Подеднакво ефикасен кај децата е Имунобор Кидс сирупот, кој исто така може да се консумира, без никакви негативни ефекти, подолг временски период.

Овие моќни имуностимулатори можете да ги купите во дел од аптеките во Р.Македонија, а од неодамна се достапни и онлајн на Medola.mk.