Блог

бебешка кожа
Совети
Совети

„Потпарување“ кај дечињата и како да се спречи

Многу родители се соочиле со прашањето како да го спречат „потпарувањето“ кај своите дечиња. Прашање за кое во продолжението на овој текст ќе ви дадеме неколку совети како бебешката кожа да остане здрава и мека.

На што прво ве асоцира бебешката кожа? Сигурни сме дека повеќето од вас истата ја асоцираат со мекост и нежност. Според некои студии, бебешката кожа и допирот со неа кај родителите предизвикува чувство на среќа и топлина. Кога осетливата бебешка кожа е здрава и самото бебе е мирно и спокојно.

Кога бебето е нервозно, ако ги исклучиме останатите фактори како ненаспаност или глад, тоа најчесто знае да биде така поради несаканите ефекти врз кожата под самата пелена.

НАЈЕФЕКТИВНИ НАЧИНИ ЗА СПРАВУВАЊЕ СО „ПОТПАРУВАЊЕТО“ НА БЕБЕШКАТА КОЖА

Обидете се пелената да ја менувате што почесто. Со тоа ќе се намали можноста да подолга изложеност на бебешката кожа со разни супстанци. Во спротивно, ќе се зголеми киселоста во тој предел и како неизбежна последица на тоа ќе дојде до „потпарување“.

Изберете ги адекватните пелени. Понекогаш главна причина за вакви несакани моменти знаат да бидат пелените. Од неадекватна големина на истите до бренд на пелените кој едноставно не и одговара на нежната кожа на вашето бебе.

Самата кожа понекогаш знае да биде причина. За да се избегне тоа експертите препорачуваат бебињата се наполнети 3 месеци во одредени периоди од денот да се оставаат без пелена. Најпрво тоа да биде по 5 минути на ден, а потоа и до 15-30 минути дневно, без притоа да им се облекува било што.

Намалете со употреба на влажните марамчиња кога сакате да ја исчистите бебешката кожа под пелената. Причина за тоа е податокот дека повеќето влажни марамчиња се со додадени супстанци кои имаат негативен ефект врз бебешката кожа. Наместо тоа измијте го бебето само со вода или со вода и бебешки сапун. Со цел да се избегне „потпарувањето“ по секое миење избришете го бебето нежно со сув пешкир, без триење на кожата.

Употребувајте детергенти и омекнувачи кои се специјално формулирани за бебиња. Пред да почнете со перење на бебешките алишта осигурајте се дека во касетата од машината за алишта нема остатоци од друг детергент или средство.  Зошто? Затоа што остатоците од други средства можат сериозно да ја оштетат нежната и осетлива бебешка кожа.

Секогаш користете козметика за кожа на природна база со докажан ефект креирана специјално за бебиња. Таа не само што ефикасно се справува со „потпарувањето“ туку во исто време и ја штити кожата.

За целосно решение против „потпарување“ на кожата на вашето бебе по секоја промена на пелените користете ЏинЏира Алба Бебе

Овој производ за нега на кожата е специјално креиран за потребите на нежната бебешка кожа и претставува нова, специјална емулзија во форма на спреј со активна состојка цинк оксид. Исклучително е погоден за деликатната и нежна бебешка кожа, која е много поподложна на негативни влијанија и оштетувања од околната средина.

ЏинЏира Алба Бебе спрејот е наменет за заштита на кожата од влијанијата на урината, ултравиолетовите зраци, како и од другите неповолни атмосферски услови, а поволност плус е тоа што е погодна и за сува кожа. Притоа, не ја валка и не ја суши кожата и не содржи конзерванси, бои и ароматизатори.

Треба да се истакне и дека ЏинЏира Алба Бебе ја смирува, навлажнува, омекнува и ја подобрува еластичноста на кожата, благодарение на активната состојка цинк оксид, а хидратантите и емолиентите во нејзиниот состав ја имитираат природната водено-липидна бариера. ЏинЏира Алба Бебе е безбедна и за долготрајна употреба, без никакви негативни последици.

Овој и останатите производи од палетата на ЏинЏира можете да го купите во дел од аптеките во Р.Македонија, а од неодамна истите се достапни и онлајн на Medola.mk.