Блог

морбили
Совети
Совети

Морбили: Како да се заштитите себеси и вашите деца

Информациите во врска со ширењето на морбили од првиот квартал за оваа година, објавени од страна на Светската здравствена организација, се далеку од оптимистични.

Поточно, само во првите три месеци од 2019 година се регистрирани 112.000 случаи на заболени од морбили. Тоа е зголемување за дури 300% во споредба со истиот период од претходната година.

Иако овие податоци се нецелосни сосема е јасно дека има причина за вклучување на алармот. Особено ако се земе предвид дека се очекуваат дополнителни информации, како и дека постојат и случаи на заболени кои не се ниту регистрирани затоа што не се јавиле на лекар.

Македонија, за жал, се приклучува кон овој негативен светски тренд, па така кон средината на месец април беше прогласена епидемија на морбили на територијата на цела држава. Според официјалните податоци, бројот на заболени на територијата на цела држава изнесува 961. Дури 682 од нив се регистрирани во Скопје.

Според експертите, главна причина за ширењето на оваа болест е недостигот на имунизација кај населението. Токму затоа од Министерството за здравство ги охрабруваат сите возрасни лица и децата кои не се заштитени со претходни вакцинации да се консултираат со своите матични лекари за вакцинација.

Зошто е тоа толку потребно ќе дознаете во продолжението на овој текст во кој дополнително ќе ве запознаеме со морбилите.

Што се морбили и која група е најранлива?

Мали сипаници или морбили е високо инфективна болест на респираторниот систем предизвикана од вирус од групата миксовируси (paramyxovirus), од родот Morbillivirus. Болеста најчесто се јавува кај малите деца, при што не се исклучени и бебињата, иако тие во првите шест месеци од животот се заштитени преку имунитетот од мајката.

Симптомите вообичаено започнуваат да се јавуваат 10–12 дена после изложувањето и траат 7–10 дена. Иницијалните симптоми вклучуваат треска, често со температура поголема од 40°C, кашлица, течење на носот и воспалени очи.

Малите сипаници лесно се пренесуваат по воздушен пат преку кашлица и кивање од инфицирани луѓе. Исто така може да се пренесат преку контакт со плунка или назален секрет. Девет од десет луѓе кои не се имуни и се во контакт и делат простор со инфицирано лице ќе бидат заразени.

Луѓето можат да бидат преносители на вирусот почнувајќи од четири дена пред до четири дена после појавата на осипот. Стекнатиот имунитет е траен и повеќето луѓе не заболуваат по втор пат.

Кои се симптомите на морбили?

Симптомите на болеста се поделени во три различни стадиуми, во зависност од периодот на развој на заболувањето:

  1. Инфективен стадиум, при што се јавува зголемена телесна температура од 38 до 40 степени. Децата се жалат на главоболка, малаксаност, вознемиреност и жед.
  2. Катарален стадиум, при што лицето не може да поднесе светлина, има зуење во ушите, солзење на очите, му тече носот и секрецијата е зголемена.
  3. Трет стадиум, во кој во устата се појавуваат бели наслаги што се задржуваат 2-3 дена, а по 1-2 дена се јавува осип на кожата со телесна температура од 38 до 40 степени. Првиот осип (макули) се јавува навечер, во пределот на косата. По еден до два дена, тој осип се шири по целото тело, при што кожата станува видливо црвена, со ситни макулозни промени. Осипниот стадиум трае 3-6 дена и потоа осипот почнува да бледее, а по една недела се губи.

Како да се зголеми ефективноста на вакцината против морбили?

Со цел да се ограничи ширењето на морбилите и да се спречат нови случаи, се препорачува лицата кои се дел од ризичната група исклучително да бидат внимателни кога е нивниот имунолошки систем во прашање. За зголемување на имунитетот кај децата и возрасните и подобрување на ефектот на самата вакцина можете во целост да се потпрете на производите кои се дел од Имунобор семејството на Борола.

Имунобор Кидс сирупот и Имунобор Кидс капсулите помагаат во зајакнувањето на природната заштита на детскиот организам.

Сирупот е создаден за најмладите, додека капсулите се препорачуваат за децата на школска возраст. Моќните стимулативни ефекти на двата производи на имунолошкиот систем се должат на оптималното количество на Бета Глукан во нивниот состав. Овој полисахарид е единствениот имуностимулатор од природно потекло со докажан механизам на дејство.

Неговото консумирање не само што ја зголемува отпорноста на организмот кон вируси како причинители на морбили, туку помага и при евентуални бактериски компликации.

Имунобор Бета Глукан 300 е прв избор за зголемување на имунитетот кај возрасните. Овој производ не само што ја подобрува активноста на имунoлошкиот систем туку и ја стимулира продукцијата на имунолошки клетки. Како резултат на тоа организмот развива заштита од потенцијални инфекции.

Имунобор Кидс сирупот и Имунобор Кидс капсулите, како и Имунобор Бета Глукан 300 се 100% природни производи, погодни за долготрајна употреба без никакви негативни ефекти.

Истите можете да ги најдете во онлајн продавницата на Медола.